На ден 22.12.2025 година, во рамки на активностите на Баталјонот на Воена полиција, беше реализирана методско-показната вежба „Употреба на службено куче во откривање на минско-експлозивни средства“.
Преку практична демонстрација беше прикажана улогата на службените кучиња како клучен сегмент во системот за откривање минско-експлозивни закани, како и високото ниво на обученост и координација помеѓу водичот и службеното куче.
Вежбата претставува значаен придонес кон унапредување на стручната оспособеност и тактичката подготвеност на припадниците на Воената полиција, во насока на доследна примена на пропишаните процедури при извршување на службените задачи.








