Во период од 05.03. до 21.03.2014 година во касарната „Илинден“ во Скопје се реализира обука за воведување на падобранци во состојба подготвен.
На обуката присуствуваат 30 припадници на полкот за специјални операции. Учесниците во текот на обуката поминаа неколку фази кои опфаќаат теми како што се: „Начини и методи на излез од авион“, „Пакување на падобран“, „Теоретска земска обука“ и физичко воспитување, каде особено внимание беше дадено на видовите и начините на доскокнување.
Целта на оваа обука е припадниците на единицата кои веќе имаат завршено падобранска обука да се кондицираат и да бидат во постојана готовност и подготеност за извршување на борбени скокови.
Оваа обука е задолжителна според стручното упатство за изведување на падобрански скокови во АРМ и истата ја реализираат двајца сертифицирани инструктори кои се во составот на полкот за специјални операции.