Како и секоја година така и оваа припадниците на баталјонот за специјални намени од составот на полкот за специјални операции на полигонот за алпинистичка обука кај Демир Капија реализираа теми од летна алпинистика и планинарење.
Припадниците на единицата за време на обуката вршеа извежбувања во совладување и спуштање по карпа, изведување на алпинистичките операции и тактиките и техниките за премин преку непристапен и планински терен.
Во посета на обуката беше и тричлена делегација од Франција која ги разгледа терените за обука како и можностите за унапредување на билатералната соработка особено на тактичко ниво во доменот на обуката. И при оваа посета припадниците на полкот демонстрираа висок степен на обученост, стручност и психо-физичка спремност.