Во период од 26 до 30 јануари 2026 година во касарната „Гоце Делчев“ во Скопје се реализираше Курс за стандардизација во Армијата, на кој присуствуваа слушатели од Генералштабот на Армијата и првопотчинетите команди и единици, првенствено од состав на организациските структури кои се носители на области и подобласти за стандардизација во одбраната или надлежни за учество во активности на НАТО тела за стандардизација.
Целта на курсот е слушателите да се обучат и оспособат за извршување на стандардизациски активности, со кои се овозможува непречено ефикасно и ефективно функционирање на стандардизацискиот систем во рамките на стандардизација на одбраната.
На свечениот завршеток на курсот, командантот на Командата за обука и доктрини, бригаден генерал Лулзим Нуредини им честиташе за успешно завршениот курс и им порача стекнатите знаења да ги имплементираат при извршување на стандардизациските активности, како и нивна обработка и следење. На слушателите им беа доделени сертификати со кои се потврдува дека се оспособени за извршување на стандардизациски активности во Армијата.








