Денес 11.02.2026 година, во просторите на командата и штабот на 1.пбр се реализираше состанок од областа на цивилно-воената соработка (ЦВС) на тимот за цивилно-воена соработка од Првата пешадиска бригада (1.пбр).
Состанокот беше реализиран со тим за цивилно-воени односи (CAT 4431) од 21. Команда за одржување на боиштето (21. Theater Sustainment Command-TSC) од Армијата на САД во Германија.
За време на состанокот се дискутираше на повеќе теми од оваа област при изведување на операции на НАТО и начинот на спроведување на активностите во делот на ЦВС.
Состанокот претставува дел од активностите, кои се фокусирани на сегментот на ЦВС со цел зајакнување на стручноста на армиските припадници од 1.пбр во соработка со Армијата на САД во Германија која ќе продолжи и во наредниот период .
ГЃ/ДЧ








