Во периодот од 26 јануари до 13 февруари 2026 година, согласно годишниот план за обука на Баталјонот на Воена полиција (бВП), припадниците на потчинетите единици на бВП реализираа обука во зимски услови во северозападниот дел од државата, падините на Шар Планина.
За време на обуката, персоналот практично ги потврди и унапреди своите способности за извршување задачи во зимски услови, вклучително и: движење во длабок снег, совладување пречки со формациски и импровизирани средства, изработка и престој во објекти од снег, заземање ставови за гаѓање со лично вооружување во длабок снег, како и спроведување на постапки за извлекување и безбедна евакуација на повредени со користење на прирачни средства.
Во согласност со планираната програма за обука и утврдените стандарди и процедури, сите предвидени теми беа во целост реализирани и успешно совладани со што припадниците на бВП се стекнаа со неопходните знаења и вештини и постигнаа целосна оперативна оспособеност за професионално, навремено и ефикасно извршување на задачите и мисијата на бВП во сите временски и теренски услови.








