Во периодот од 08.07.2014 до 10.07.2014 година припадници на полкот за Специјални Операции во соработка со инструктори од Вооружените сили на САД на терените на АП „Криволак“ реализираа напредна обука за снајперисти.
Оваа обука е дел од билатералната соработка помеѓу вооружените сили на САД и Армијата на Република Македонија. Инструкторскиот тим од САД беше составен од припадници на Маринскиот корпус од Црноморските ротациони сили на САД во Европа. За носител на активноста беше одереден баталјонот за Специјална Намена. На самиот курс покрај припадниците на баталјонот за Специјална Намена учество зедоа припадници од Ренџерскиот баталјон, првата механизирана пешадиска бригада и баталјонот на воена полиција.
Целта на обуката- спојување на техниката и персоналот, детално запознавање со техниките и процедурите на овој вид специјалност, со цел постигнување на максимални резултати и извлекување на максимумот од перформансите на вооружувањето беше во целост постигната.
За време на обуката беа реалзирани гаѓања на неколку редни броеви со различни видови на снајперски пушки. Постигнатите резултати уште еднаш го потврдија високото ниво на обученост и професионализам.