Во касарната „Кузман Јосифовски-Питу“ во Тетово со воена свеченост припадниците на Третиот пешадиски баталјон (3.пб) од составот на Првата пешадиска бригада (1.пбр) и останатите единици сместени во касарната, го одбележаа 25 февруари, патронатот на касарната и 82-годишнината од загинувањето на народниот херој Кузман Јосифоски – Питу.
Пригоден говор по повод патрониот празник на касарната во Тетово одржа командантот на 3.пб, потполковник Миле Станоевски, кој се осврна на животот и делото на Кузман Јосифовски-Питу, истакнувајќи дека со одбележувањето на патронатот секоја година придонесуваме неговото име и дело да останат во сеќавањата на идните генерации и поколенија.
На одбележувањето, свежо цвеќе положија делегации од: командата и штабот на 1.пбр, 3.пб, претставници од верските заедници, претставници на локалната самоуправа, владини и невладини организации, претставници од државниот и приватниот сектор со кои командата на гарнизонот Тетово остварува одлична соработка.
Претходно, по повод овој ден, во касарната беше спроведена крводарителска акција од страна на вработените во гарнизон Тетово, при што беа дарувани 32 единици крв.
ГЃ/ДЧ








