На ден 26.12.2014 година пред објектот на ренџерскиот баталјон во касарната Илинден со пригодна церемонија беше откриено спомен обележје на ренџерскиот баталјон.
Пред сторојот се обрати командантот на полкот за специјални операции бригадниот генерал Васко Ѓурчиновски кој го нагласи значењето на чуството на припадност на една единица како и тимскиот дух кој треба да преовладува во ваков вид на единици.
Активноста беше искористена за доделување на монета за најдобрите натпреварувачи на првите ренџерски игри кои се одржаа во изминатиот период.
Споменикот беше откриен од страна на командантот на ренџерскиот баталјон потполковник Бесник Емини.