Од средината на месец Јануари се до почетокот на месец Март на падините на Маврово припадниците на полкот за специјални операции ќе ја реализираат обуката во зимски услови.
За време на обуката се реализираат теми од изработка на објекти за престој во зимски услови, тактички постапки со користење на скии, гаѓања со малокалибарска пушка, маскирање во зимски услови итн. За време на обуката припадниците на полкот беа посетени од страна на Началникот на ГШ на АРМ генерал потполковник Горанчо Котески.
Цел на обуката во зимски услови е да се одржи борбената готовност и спремност на единицата за извршување на задачи во секакви временски и метео услови, да бидат стручно, материјално и психолошки подготвени за живот и работа во планински услови и екстремно ниски температури.