Вчера (15 март, недела) на покана на градоначалникот на Општина Кочани, делегација од Армијата од касарната ,,Јане Сандански“ од Штип од Вториот пешадиски баталјон (2.пб) од составот на Првата пешадиска бригада, присуствуваше на ,,Денот на благодарноста“, по повод една година од трагичниот пожар во Кочани.
Припадниците на 2.пб, во тие тешки моменти несебично и пожртвувано се вклучија во напорите за спасување и помош на настраданите. Со својата хуманост, професионалност и посветеност тие дадоа значаен придонес во борбата за секој човечки живот и внесоа надеж во овој тежок момент за државата.
По тој повод, во Паркот на револуцијата НУЦК ,,Бели Мугри“ од Кочани им беше доделена благодарница и статуетка на припадниците на 2.пб. Ова признание ќе претставува трајно сведоштво за нивната исклучителна пожртвуваност, професионален однос и хуманост, како и признание за нивниот придонес во справувањето со последиците од трагичниот настан.
ГЃ/ДЧ








