Денес 22 април 2026 година, во касарната „Јане Сандански“ во Штип, со пригодна воена свеченост припадниците на Вториот пешадиски баталјон (2.пб), во состав на Првата пешадиска бригада (1.пбр), го одбележаа патрониот празник на касарната.
На свеченоста присуствуваа командантот на 1.пбр, бригаден генерал Дејан Чиплаковски заедно со делегација од 2.пб.
Одбележувањето започна со полагање свежо цвеќе и оддавање почит на големиот македонски револуционер и војвода Јане Сандански. Годинава се одбележуваат 111 години од неговото загинување, а касарната го носи неговото име од формирањето на Армијата.
Во пригодниот говор беше истакнато значењето на ликот и делото на Јане Сандански, при што беше нагласено дека со неговото редовно чествување се придонесува за зачувување на историското наследство и неговото пренесување на идните генерации.
ГЃ/ДЧ








