Врз основа на Планот на обука во Одделот за медицинска обука (ОМО) година, во период од 21 до 29 април 2026 година се одржа „Курс за тактичко згрижување на повредени“ (Tactical Combat Casualty Care Course).
Курсот се реализираше според програма и под покровителство на Центарот за медицинска обука од Вооружените сили на Швајцарската Конфедерација. Предавачи беа инструктори од Военомедицинскиот центар (ВМЦ), Баталјонот за логистичка поддршка, Извидувачко-разузнавачкиот баталјон и Баталјонот на специјални сили.
Целта на курсот беше стекнување на основни знаења и вештини за третман на животозагрозувачки повреди на бојното поле и брзо извлекување и транспорт на повредените. Слушатели на курсот беа медицински лица и болничари од единиците на Армијата.
Наставата се одвиваше преку работни точки на демонстрација во просториите на ОМО и практични извежбувања на полигонот на ВМЦ. На завршниот ден беше изведена вежба во касарната „Илинден“, на која беа обединети сите стекнати знаења. Присутните се стекнаа со интернационално признаен сертификат, верифициран од NAEMT (National Association of Emergency Medical Technicians).








