На ден 20.10.2015 година дел од припадниците на Ренџерскиот баталјон од составот на полкот за специјални операции на Армискиот полигон „Криволак“ реализираа гаѓања со минофрлач 82мм.
Цел на ова гаѓање беше кондицирање на посадите во правилно ракување и прецизно дејствување по зададени цели. Гаѓањата се реализираа во дневни и ноќни услови. Резултатите кои беа постигнати на гаѓањето и правилноста и брзината во работата со минофрлачите беа одлични.
Квалитетната обука и подготовката која се реализираше во изминатиот период во рамките на касарната придонесоа за високото ниво на степенот на обученост на припадниците на Ренџерскиот баталјон при извршувањето на наведените гаѓања.