Во период од 04.05 до 07.05.2026 година, согласно годишниот календар за обука, персоналот од приштабските единици и персоналот од инженериски баталјон од составот на 1. пешадиска бригада (1.пбр), реализираше стручно специјалистичка обука од родот врски.
Во текот на обуката, согласно формациската поставеност и работните обврски и задачи, персоналот теоретски и практично ги повтори и надгради стекнатите знаења од соодветните специјалности во водовите.
При изведување на обука, персоналот од чета за врски (чв), четата за воено разузнавање и инжб покажа високо ниво на мотивираност, професионализам и спремност за надградување со знаења за полесно совладување на секојдневните предизвици при извршување на задачи од својот делокруг на работа.
ГЧ/ДЧ








