Припадниците на Водот за поддршка на летање од командната чета (вПЛ/кч), во состав на воздухопловниот ВИНГ (вВИНГ), во период од 8 до 14 мај 2026 година реализираа обука во јазење во реонот на Демир Капија.
Обуката беше спроведена со цел одржување и унапредување на способностите на персоналот за извршување задачи во услови на непристапен и сложен терен, како и за поддршка на операции за пребарување и спасување. Тежиштето на обуката беше ставено на развој и одржување на алпинистичките способности неопходни за ефикасно извршување на задачите на единицата.
Обуката ја реализираа квалификувани и сертифицирани инструктори од Баталјонот за специјални сили, согласно стандардите и процедурите за обука.
Во текот на обуката беа реализирани содржини од основна и напредна алпинистика, вклучувајќи: врзување јазли, техники на качување и спуштање по карпа, употреба на алпинистичка опрема, изработка на сидришта, поставување мостови и жичари, како и воспоставување системи за извлекување, евакуација и безбедно транспортирање на повредени лица од непристапен терен.
Обиколка и контрола на обуката изврши командантот на вВИНГ, заедно со припадниците од штабот кои се одговорни за планирање и реализација на обуката.
Овој тип на обука претставува дел од редовниот циклус на индивидуална и колективна обука на персоналот на вПЛ/кч, насочен кон одржување на оперативната готовност, интероперабилноста и способноста за ефикасна поддршка на мисијата на единицата.








