По успешно завршениот шестомесечен ренџерски курс новопримените припадници на ренџерскиот баталјон и официјално станаа членови на оваа престижна единица.
За време на овој напорен курс новопримените професионални војници со ентзијазам се справија со сите физички, психички и интелектуални препреки знаејки дека само најупорните, најспособните и најмотивираните можат да успеат.
За време на курсот се изведуваа различни видови обука во сите временски и метео услови, се реализираше теоретска и практична настава која беше проследена со периодични тестирања. Обуката се реализираше на терените за обука во касарната „Илинден“, армискиот полигон „Криволак“ како и низ делови на територијата на Република Македонија.
Дека упорноста се исплати сведочи моментот на добивање на обележјето на единицата, зелената беретка и амблемот кој е највпечатливиот момент кој ќе го памети целиот свој живот секој новопримен припадник на оваа единица.