Во рамки на билатералната воена соработка, успешно е реализирана заедничката обука помеѓу припадниците на Баталјонот на специјални сили „Волци“ од Армијата и специјалните сили на Република Унгарија, во областа на техничкото и борбеното нуркање.
Обуката претставува значаен придонес во унапредувањето на меѓусебната соработка, размената на професионални искуства и зајакнувањето на оперативните способности на двете единици. Преку реализација на заеднички практични активности, учесниците имаа можност да ги усогласат процедурите, да разменат современи тактики, техники и процедури и да ги надградат своите знаења и вештини во специфични услови на изведување на нуркачки операции.
За време на обуката беа потврдени високото ниво на професионалност, интероперабилност и меѓусебна доверба, кои претставуваат темел за понатамошно продлабочување на соработката помеѓу двете специјални единици.
Армијата останува посветена на развојот на способностите на своите припадници преку интензивна меѓународна соработка, размена на експертиза и реализација на заеднички активности со сојузничките и партнерските армии, со цел одржување на висока оперативна подготвеност и исполнување на највисоките професионални стандарди.








