Подготовките за 29-тата Конференција на началниците на Генералштабовите на армиите од земјите членки на САД–Јадранската повелба (А-5) продолжија со одржувањето на третиот состанок на Групата за имплементација, во рамките на кој се продолжи со координација и финализирање на активностите за успешна реализација на Конференцијата во септември, оваа година, во Република Хрватска.
На состанокот, кој се реализираше на 27 август 2026 година во Задар, Република Хрватска учествуваа претставници од земјите членки на А-5 и претставници на Вооружените сили на САД.
Во текот на работниот состанок членовите на Групата за имплементација го разгледаа напредокот во реализацијата на досега договорените активности, го разгледаа планот на преостанати активности за 2026 година и планирани за 2027 година и ги изработија финалните работни документи неопходни за успешна организација и реализација на конференцијата.
Состанокот заврши со усвојување и потпишување на записник со заклучоци и насоки за успешна реализација на 29-тата Конференција на началниците на Генералштабовите на армиите на земјите членки на А-5.
На конференцијата се очекува учество на началниците на Генералштабовите на армиите на земјите членки на САД–Јадранската повелба, претставници на Вооружените сили на САД, командантите на Националните гарди од сојузните држави партнери на земјите од А-5, како и претставници од земјите набљудувачи.








