Денес, според Планот за билатерална соработка со Република Италија, а во насока на унапредување на билатералната одбранбена соработка се одржаа експертски разговори меѓу припадници на Армијата, Министерството за одбрана и Армијата на Република Италија.
На средбата беа разгледани актуелни прашања од заемен интерес, со посебен акцент на користењето на капацитетите на армискиот полигон „Криволак“ од страна на Армијата на Република Италија, споделување на најдобрите практики и можностите за натамошно продлабочување на соработката меѓу двете армии.
Експертските разговори претставуваат значаен придонес кон зајакнување на партнерството и развојот на одбранбената соработка меѓу Република Северна Македонија и Армијата на Република Италија.








