Во период од 7 до 11 септември 2026 година, припадниците од извидувачкиот вод од составот на Вториот пешадиски баталјон (2.пб) од Првата пешадиска бригада (1.пбр), земаа учество на меѓународниот натпревар „12 Best Squad Competition“, кој се одржа во Република Словенија.
На натпреварот учествуваа седумнаесет екипи од армиите членки на НАТО и партнерските армии и истиот беше можност за проверка на индивидуалните и колективните способности за проверка на тимската работа на учесниците.
На овој престижен натпревар нашиот тим ја покажа својата професионалност, подготвеност и посветеност во повеќе дисциплини и сценарија кои опфаќаа физички, тактички и лидерски задачи со целосна примена на современите воени стандарди.
Предизвиците не бараа само физичка и ментална подготвеност, туку и знаење, прецизност, одлучност, истрајност и тимска работа во стрелачки вештини, ориентација на терен и движење, згрижување на ранет соборец, борбена физичка обука, операции во конкретни ситуации под физички напор, уништување бункер и сценарија поврзани со АБХО.
Тоа беше тест за дисциплината и способноста за дејствување кога ситуацијата станува тешка, без одмор, теренот не дозволува простор за грешка и кога времето создава дополнителна пречка во реализација на задачите.
Припадниците на Армијата уште еднаш ја потврдија својата способност и посветеност кон заедничките цели и вредности, покажувајќи исклучителни резултати како една од 13 екипи учеснички кои успешно го завршија натпреварувањето.
ГЃ/ДЧ








