Во Центарот за обука „Пепелиште” во период од 20 до 24 февруари 2017 година се одржа работилница за изработка на концептот на операции (strategic concept of operations – CONOPS) која претставува фаза во континуираните подготовки за планирањето на вежбата „Македонски Блесок – 13 / Здружена Реакција – 17”.
Работилницата ја отвори директорот на вежбата потполковникот Блаже Николовски кој со воведен брифинг ги запозна учесниците со досега сработените обврски и задачите кои произлегоа од реализираната Иницијалната Планирачка Конференција. По воведниот дел кодиректорот на вежбата мајор Игор Манасовски ги даде приоритетите и насоките за лидерите на синдикатите и притоа нeзаборавајќи да ја нагласи примената на досегашните искуствата и научените лекции во реализација на содржините на агендата за планирање на вежбата усогласени со Иницијалната Планирачка Конференција.
Работата на работилницата беше организирана по синдикати, и при тоа беа изработени сите документи кои се предвидени со CONOPS – Дизајнот (Преглед на документите од стратегиската иницијација (Резолуцијата на Обединетите Нации и Договорот за прекин на огнот), Анализа на мисијата, Опции за воен одговор и Одлука на Командантот на Здружените Сили за Задача) кои се во согласност со Директивата за планирање Bi-SCD 75-0003.
Реализираните активности и заклучоци кои произлегоа од завршетокот на работната конференцијата претставуваат добра основа за понатамошните подготовки до почетокот на наредната фаза од процесот на планирањето и успешното реализирање на Главната Планирачка Конференција која ќе се реализира во месец мај 2017 година.
Фазите на претстојните планирани подготовки треба да се искристализирани, се со цел успешно да се изврши НАТО реоценување Ниво 2 на средна пешадиска баталјонска група (спбг) и оценување на лесна маневарска болница улога 2 (лмб у-2), НАТО оценување Ниво 2 на ренџерска чета (рч), како и промовирање на соработката на воено полициските капацитети од иницијативата А5 за претстојната вежба „Македонски Блесок – 13 / Здружена Реакција – 17“ која има големо значење за АРМ во целина.