Во периодот од 26 до 30 октомври 2026 година, во касарната “Алексо Демниевски – Бауман” во Велес од страна на инструктори од Армијата се реализираше Курс за психолошки операции на тактичко ниво (КПО-ТН) Модул 2-2026.
Носител на активноста беше Командата за обука и доктрини, а со поддршка и координација на Одделението за психолошки операции во Ј-3/ГШ на Армијата.
Курсот претставува продолжение на Модул 1 и целта на истиот беше слушателите да се стекнат со дополнителни знаења и вештини, се запознаат со психичките процеси кои влијаат на психолошките операции, се оспособат за практична примена на психолошките операции на тактичко ниво, како и поврзаноста на истите со останатите информациски способности (Information Related Capabilities – IRC’s). Во текот на курсот на слушателите им беа прикажани капацитетите и способностите на декларираниот тим за психолошки операции од состав на ЛПБГ и научените лекции од учеството на вежбите „Saber Junction 25“ и оценувањето на ЛПБГ за време на вежбата „Блесок 26“.
На курсот земаа учество 11 припадници (офицери, подофицери и професионални војници) од командите и единиците во Армијата кои во иднина ќе бидат дел од базенот на сили на Армијата од доменот на психолошки операции.
С/Г








