Во касарната „Илинден“ во Скопје, денес, 3 ноември 2026 година, се одржа редовното месечно реферирање на командантите на првопотчинетите единици на Командата за операции.
На реферирањето, командантите на единиците го информираа командантот на Командата за операции, бригаден генерал Мирче Ѓоргоски, за степенот на реализација на поставените задачи и планираните активности во изминатиот месец, остварените резултати, како и за активностите кои не биле реализирани и причините за нивното неизвршување. Притоа, беа презентирани и предлог-мерки за надминување на утврдените предизвици.
Посебен акцент беше ставен на постигнатите резултати во процесот на обука, тековните предизвици во функционирањето на единиците, како и на приоритетните задачи и активности што претстојат да се реализираат во наредниот месец.
На крајот од реферирањето, командантот на Командата за операции, бригаден генерал Мирче Ѓоргоски, даде конкретни насоки и задачи за натамошно постапување, со цел навремена и целосна реализација на планираните активности и исполнување на поставените задачи во наредниот период.








