Припадници на Баталјонот на специјални сили „Волци“ зедоа учество на меѓународната воена вежба „BLACK SWAN 26“, која се реализираше на територијата на Република Унгарија.
Вежбата претставуваше можност за заедничко извежбување и унапредување на борбената готовност, тактичката подготвеност и оперативната интероперабилност на специјалните сили на земјите учеснички од НАТО Алијансата.
Во рамките на вежбовните активности, припадниците на Баталјонот на специјални сили „Волци“, рамо до рамо со припадниците на специјалните сили на сојузничките земји, реализираа заеднички тактички активности, со акцент на размена на искуства, усогласување на оперативните постапки и зајакнување на меѓусебната соработка.








