Денес, во касарната „Чеде Филиповски-Даме“ во Кичево, беше реализирана крводарителска акција во која учествуваа припадници на 1. пешадиски баталјон од 1. пешадиска бригада и водот од бБСП/1.пбр.
Акцијата беше спроведена согласно Годишниот план за работа, во соработка со ЈЗУ Институт за трансфузиона медицина – Скопје, Медицинскиот центар и Општинската организација на Црвениот крст од Кичево. Во рамки на акцијата беа собрани вкупно 80 крвни единици.
Со учеството во оваа хумана активност, припадниците на Армијата уште еднаш ја потврдија својата општествена одговорност, хуманост и подготвеност за давање придонес во спасувањето човечки животи, како и во обезбедувањето на неопходните резерви на крв за потребите на здравствениот систем.








