На 19 ноември 2026 година се одржа редовна годишна конференција од доменот на Логистиката, на која учествуваа претставници од сите команди и единици. Конференцијата ја отвори началникот на Ј-4 во Генералштабот на Армијата, полковник Игор Иванов.
На конференцијата беше истакната важноста на поддршката на единиците во доменот на снабдување, одржување, инфраструктура, движење и транспорт, медицинска и ветеринарна поддршка и услуги.
Во текот на сесијата се разгледаа тековните активности и се истакнаа идните планови кои е потребно да се поддржат. Завршните одредби беа во насока на унапредување на поддршката и подобрување на услугите, со крајна цел поефикасна и поефективна логистичка поддршка на командите и единиците на Армијата.








