На 16 март 2017 година учениците од трето одделение од основното училиште „Љубен Лапе“ од Општина Аеродром реализираа посета на Центарот за обука на питомци и Воениот оркестар во касарната „Гоце Делчев“ Скопје.
Целта на посетата беше запознавање на институциите во околината на училиштето и истата се реализираше во три фази. На почетокот учениците го посетија Воениот оркестар каде имаа можност да го запознаат персоналот, инструментите и да слушнат неколку композиции во нивна изведба. Во втората фаза учениците го посетија Центарот за обука за питомци каде питомците им ги покажаа просториите во кои престојуваат, учат и работат. Исто така, учениците се запознаа со активностите кои питомците ги имаат во еден работен ден.
На крајот од посетата, питомците од трета година на учениците им приредија тактичко технички збор каде го презентираа вооружувањето кое го изучуваат за време на школувањето во Воената академија.