Директорот на Генералштабот на Армијата, бригаден генерал Симеон Трајковски, денес оствари средба со командантот на Здружената група за логистичка поддршка од Здружената команда на НАТО во Неапол, бригаден генерал Лонел Власие.
За време на средбатa вo Генералштабот беа разменети мислења, со цел продлабочување на соработката при давање на поддршка за време на транзитирање на силите преку нашата држава.
Давањето поддршка при изведување на операции за прием, прифаќање и понатамошно движење – RSOM (Reception Staging and Onward Movement), за време на транзитирање на силите при одржување на вежби и операции преку нашата држава какo земја домаќин- HN (Host Nation), е една од целите на способности кои произлегуваат од нашето членство во НАТО Алјансата.
На средбата, генералот Власие меѓу другото информираше и за местото и улогата на нашата Армија во контекст на НАТО регионалните планови.