Во период од 02 до 06.09.2024 година во Домот на Армијата во Скопје, со поддршка на канцеларијата за одбранбена соработка (ODC) при Амбасадата на САД во Република Северна Македонија, се реализираше активност во рамките на билатералната соработка со САД (Mil to Mil (M2M) ) од областа на информативните операции (ИО) на оперативно и тактичко ниво со претставници од 3/124 баталјон за ИО од НГ Вермонт, САД и претставници од МО, ГШ и ППКИЕ на Армијата.
Целта на активноста беше запознавање на присутниот персонал со информативни операции на оперативно и тактичко ниво и развој на програма за обука на персоналот од ЛПБГ од доменот на информативните операции во 2025 година.