Во организација на Генералштабот на Армијата, традиционално и оваа година се одржа „13-то Армиско првенство во крос-кантри трчање“.
На ова првенство, на патеката во спортскиот центар „Хиподром“, во должина од 8000 метри во машка и 4800 метри во женска конкуренција, се натпреваруваа 130 припадници од Армијата, како и припадници од Атлетската федерација на Македонија.
Началникот на секцијата за обука и вежби, полковникот Владимир Стојановски, кој се обрати на отворањето на првенството ја потенцираше важноста на спортот во Армијата, посебно атлетиката како дисциплина во која ги бележиме најдобрите резултати .
Најдобро пласирана во женска конкуренција беше наредник Марија Пеликон, второто место и припадна на посв1к Ирена Лекоска, додека третото место го освои питомец Благица Стефановска. Екипно најдобри во женска конкуренција беа припадничките од Командата за обука и доктрини, втори се пласираа припадничките од воздухопловниот ВИНГ и трети од 2 пешадиски баталјон.
Во машка конкуренција првото место го освои пфв Милош Ранчиќ , второ место капетан Жан Тосев и третото место пфв Трајче Илијевски. Екипно припадниците на баталјонот на специјални сили го освоија првото место, второто баталјонот за почести , додека третото место го освои екипата на 2 пешадиски баталјон.
По завршување на натпреварите, на најуспешните поединци и екипи им беа врачени медали и пехари.