На 17 септември на стадионот на ФФМ во Скопје се реализираше пријателски фудбалски натпревар меѓу репрезентациите на македонската Армија и Обединетото Кралство, на кој победничкиот погодок од страна на Беким Алимоски ѝ донесе победа на домашната селекција.
Натпреварот беше организиран во духот на долгогодишната соработка и партнерство со цел унапредување на пријателските односи, меѓусебната доверба и спортската соработка помеѓу припадниците на двете армии.
По завршувањето на натпреварот, за најдобар играч беше прогласен Илчо Митрески, како признание за неговиот исклучителен придонес и прикажаната игра.
Ваквите спортски настани претставуваат значаен сегмент од воената соработка и придонесуваат за зајакнување на тимскиот дух, меѓусебната почит и партнерските односи меѓу сојузничките армии.








