Како дел од билатералната воена соработка со Вооружените Сили на Обединетото Кралство, министерството за одбрана и Армијата во координација со фудбалската федерација на Македонија организираа пријателски фудбалски натпревар помеѓу женските екипи на ВС на ОК и македонската женска А репрезентација.
На одиграниот натпревар на стадионот „Борис Трајковски“ на која победи македонскиот женски фудбалски тим од страна на Армијата беше овозможена и подршка со лиценцирани фудбалски судии и санитетска поддршка.