Голем број на припадници на Армијата во досегашниот период постигнуваат забележителни спортски резултати на државно и меѓународно рамниште во повеќе спортски дисциплини меѓу кои се придружи и каратето. Овој пат питомецот на Воената Академија „Генерал Михаило Апостолски“, Реџеп Мустафовски постигна за него голем спортски успех на балканското првенство за кадети-јуниори во карате, каде се закити со сребрен медал.
Претходно, на државното изборно карате првенство за кадети-јуниори Мустафовски, кој е член на државната карате репрезентација го освои златниот медал. Постигнатите успеси ни даваат за право да очекуваме и во иднина постигнување на високи спортски резултати и на меѓународно ниво со ќе биде промовирана Армијата и Републиката.
СГ