Согласно годишниот план на заеднички активности помеѓу Армијата и Црвениот Крст на Република Северна Македонија за 2022 година, на ден 05.04.2022 година се реализираше акција за доброволно дарување на крв, на која учествуваа припадници на баталјонот на Воена Полиција (бВП).
Акцијата за доброволно дарување на крв се реализираше во ГОБ „8-ми Септември” Скопје, со почитување на препораките за справување со последиците од ширењето на вирусот COVID-19 и протоколите за превентивни мерки на работните места, при што се собрани 33 единици крв.
Припадниците на баталјонот на Воена Полиција, покрај извршувањето на секојдневни работни обврски остануваат верни на традицијата и редовно учествуваат во акциите за доброволно дарување на крв, покажувајќи ја својата хумана страна.
ЃТ/ЧС