Согласно годинашниот план и програмата за Црвениот крст, во деновите 24 и 26.03.2020 година, во касарните „Јане Сандански“ во Штип и „НХ Страшо Пинџур“ во Петровец се реализираа акции за доброволно дарување на крв, каде што беа собрани вкупно 105 крвни единици.
Со оваа хуманитарна акција припадниците на Армијата уште еднаш ја покажаа својата хуманост на дело и во услови на вонредна состојба, во време кога се ангажирани на многу други задачи околу справување со вирусот “COVID-19”.
Екипите од Институтот за трансфузиона медицина од Скопје и Црвениот Крст ја искажаа својата благодарност кон припадниците на Армијата и не го криеја задоволството од подарените крвни единици во моменталните услови на вонредна ситуација, кога е тешко да се спроведе нормална крводарителска акција.
ГЃ/ЧС/БН