Согласно годинашниот план и програмата за соработка со Црвениот крст, а по повод денот на единицата, на ден 10.08.2021 година во касарната „Кузман Јосифоски – Питу“ во Тетово, со целосно почитување на мерките за заштита од ширење на „COVID-19“, се реализира акција за доброволно дарување на крв.
Во крводарителната акција покрај припадниците на 3. пешадиски баталјон, учество земаа и припадници на другите единици на Армијата од гарнизонот Тетово.
Екипите од Институтот за трансфузиона медицина и Црвениот Крст уште еднаш ја искажаа својата благодарност кон припадниците на Армијата за подарените крвни единици и за взаемната соработка.
ЈМ