Транспортен хеликоптер МИ-8/17, од воздухопловната бригада на Армијата на Република Македонија, пред преполната платформа на воениот дел од меѓународниот аеродром Скопје, во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец, традиционално и оваа година го донесе „Дедо Мраз“.
По атрактивниот прелет и пристигнување, најомилениот новогодишен лик кај најмладите, подели повеќе од 500 новогодишни пакетчиња на деца од загинатите припадници на воздухопловната бригада, како и на вработени во оваа бригада и останатите команди и единици на Армијата на Република Македонија и Министерството за одбрана.
Оваа традиционална предновогодишна манифестација, во организација на припадниците на воздухопловната бригада, оваа година беше збогатена и со настап на денс студио „Мак“ од Куманово и културно уметничкото друштво „Гоце Марковски“ од Скопје.
TJ