Делегација на Армијата предводена од заменик на началникот на генералштабот, генерал-мајор Азим Нуредин, присуствуваше на денот на високи гости на меѓународната воена вежба „Брз Одговор 19“, кој се реализира на воениот полигон „Еугениј Кватерник“ во Слуњ, Република Хрватска.
На денот за високи гости на вториот дел на меѓународната вежба „Immediate Response 19“ делегацијата оствари средба и со припадниците на ренџерскиот вод од полкот за специјални операции кои почнувајќи од 20ти мај учествуваат на делот од вежбата кој се реализира во Хрватска.
Припадниците од Ренџерскиот баталјон со формациските воени моторни возила во досегашниот период извршуваа сложени тактички задачи во согласност со зададените настани и инциденти при што покажа посветеност и професионализам.
Претходно припадници 25 припадници од баталјонот за противвоздушна одбрана и медицински тим учествуваа во првата фаза во Церкље, Република Словенија.
Бенефитите од учеството на оваа вежба пред се е подобрување на интероперабилноста и регионалната соработка помеѓу земјите учеснички и компатибилноста во спроведување на НАТО процедурите и комуникацијата помеѓу армиските припадници.
Во текот на оваа година припадниците на Армијата учествуваат на вкупно 30 воени вежби надвор од територијата на Република Северна Македонија.