Во периодот од 16 до 20 август 2026 година, делегација од Националната гарда на Вермонт (НГ на Вермонт), САД, предводена од бригадниот генерал Ерик Гањон (BG Eric Gagnon) престојува во официјална посета на Република Северна Македонија и Армијата.
Во рамките на официјалната програма, во Кампот за обука на вода во Охрид, делегацијата присуствуваше на централната свеченост по повод Денот на Армијата, а потоа оствари средба со началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски.
За време на средбата се разговараше за развојот и капацитетите на армискиот полигон „Криволак“, досегашната успешна билатерална соработка помеѓу двете армии, заедничкото учество на меѓународни вежби и обуки, како и соработка на полето на едукацијата и образованието.
Посетата на делегацијата од НГ на Вермонт претставува потврда за долгогодишното партнерство помеѓу Армијата и Националната гарда на Вермонт.








