Делегацијата на националната гарда (НГ) на Вермонт, предводена од генерал-мајор Стивен Креј, заедно со началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Методија Величковски во текот на денешниот ден ја посетија јужната граница на Република Македонија.
На караулата „Богородица“ и во реонот околу граничниот камен 59, делегацијата се запозна со активностите и начинот со кој припадниците на АРМ ги спречуваат обидите за нелегални преминувања на државната граница од почетокот на своето ангажирање во справувањето со миграциската криза.
Делегација на НГ на Вермонт со особен интерес ги проследи излагањата за прилагодување на тактичките мерки, техники и процедури кои се применуваат од страна на припадниците на АРМ во разни ситуации при спречување на нелегални минувања.
За ефективната примена на мерките говори и самиот податок за досегашните десетици илјади спречени обиди за нелегално влегување во Република Македонија.
Делегацијата на НГ на Вермонт до завршување на официјалната посета ќе го посетат и вториот механизиран пешадиски баталјон од првата механизирана пешадиска бригада во гарнизонот Штип, а генерал мајор Креј заедно со НГШ во текот на утрешниот ден ќе присуствуваат и на отворањето на 31-то светско воено првенство во борење во СЦ Борис Трајковски во Скопје.