Главниот подофицер на АРМ главен наредник Драган Стојановски перод од 21 до 25 Јуни 2015 година се наоѓа во посета на Националната гарда (НГ) на сојузната држава на САД, Вермонт. Целта на посетата е одржување на логистичка вежба на НГ на Вермонт, на која учествуваат припадници на АРМ.
За време на престојот во Вермонт, главниот наредник Стојановски се сретна со неговиот домаќин, главниот подофицер на НГ на Вермонт главниот наредик Тоби Квик, а беше примен и од командантот на НГ на Вермонт генерал-мајор Стивен Креј.
Вежбата на логистичките единици од составот на НГ на Вермонт се изведува во базата за обука „Форт Драм“, на која припадници на АРМ учествуваат по методот „командири во сенка“.
Посетата се остварува на покана на главниот подофицер на НГ на Вермонт, кој АРМ ја посети во мај годинава. Посетата беше искористена за размена на искуства во доменот на улогата и работата на главните подофицери до ниво на баталјон при изведување на вежбовни активности. Учеството на вежби со припадниците на НГ на Вермонт ќе ја подобри интероперабилноста на АРМ, особено за заедничко ангажирање во задачи во меѓународни мировни мисии.