На ден 30.08.2019 година во касарната во Тирнавос – Лариса, Грција, се оддржа свеченост по повод 20 годишнината од формирањето на Бригадата на југоисточна Европа (SEEBRIG).
Воедно, на истата свеченост се одржа и церемонијата на примопредавање на должноста Претседавач на SEDM-CC/PMSC. Должноста ја предаде Секретаријатот од Атина предводен од амбасадорот Елефтериос Ангелопулос, а ја прими Секретаријатот од Тирана кој во наредните две години ќе го предводи Петро Кочи, сегашен заменик на министерот за одбрана на Албанија.
Од составот на Армијата на Република Северна МАкедонија на свеченоста присуствуваа ЗНГШ генерал-мајор Азим Нуредин и к-дант на 1.мпбр. полковник Бесник Емини. По покана на команднатот на СЕЕБРИГ, на свеченоста присуствуваше и поранешниот командант на единицата, бригаден генерал во пензија Здравко Поповски.
На пригодна церемонија, присутните гости ги поздравија командантот на СЕЕБРИГ, предавачот и примачот на должноста Претседател на SEDM-CC/PMSC, како и претставникот од земјата домаќин од составот на армиската единица која обезбедува поддршка на штабот на СЕЕБРИГ.
Во говорите се нагласени придобивките и предизвиците од 20 годишното функционирање на СЕЕБРИГ, како и идните планови. Во повеќе наврати е нагласено дека претстои релокација на штабот во Куманово, Република Северна Македонија и дека во таа насока веќе се изработени планови и се вршат подготовки во рамките на штабот на СЕЕБРИГ.
Претседавачот кој ја предаде должноста се заблагодари на поддршката од земјите членки на СЕДМ и штабот на СЕЕБРИГ, додека новиот претседавач ги презентираше своите планови и визии и ги повика земјите членки да продолжат да ја поддржуваат иницијативата како и досега.
Како знак на благодарност, на присутните поранешни команданти и началници на штабови на СЕЕБРИГ,им се врачени благодарници и плакети на единицата.
Церемонијата заврши со свечено дефиле на знамињата на земјите членки, штабот на СЕЕБРИГ и приштабските единици, каде групата за поддршка ја предводеше полк. Владимир Стојановски, заменик на началникот за поддршка во СЕЕБРИГ.