Денес, 18-ти декември 2013 година, Главниот подофицер во АРМ наредник Драган Стојановски оствари официјална средба со Главниот подофицер на Командата на САД за Европа (EUCOM) наредник Дејвид Девенпорт.
Наредникот Девенпорт заедно со Главниот подофицер на АРМ беше примен од Заменикот на НГШ на АРМ генерал-потполковник Насер Сејдини.
Целта на посетата на Главниот подофицер на Командата на САД за Европа е запознавање со организацијата и функционирањето на подофицерскиот кор на АРМ, размена на искуства и разгледување на можностите за унапредување на соработката со Армијата на САД во делот на развојот на подофицерскиот кор.
Пред гостинот од EUCOM на средба со подофицерскиот кор на АРМ му беа презентирани достигнувањата на подофицерскиот кор на АРМ, како и капацитетите на Армискиот полигон ,,Криволак“ и можноста за организирање на заеднички обуки и вежби.
Наредникот Девенпорт го истакна значењето на соработката со АРМ, при што ги презентираше можностите за соработка кои ги нуди Командата на САД за Европа, особено во делот на обуката и стручното оспособување и предупатната обука и вежбите за меѓународните мисии.