Во Генералштабот на АРМ, традиционално, на самиот завршеток на тековната година се реализира средба на началникот на генералштабот на АРМ, со поранешните началници на ГШ на АРМ и пензионирани генерали во Армијата на Република Македонија.
На средбата, од страна на НГШ на АРМ, генерал-потполковник Методија Величковски, ЗНГШ на АРМ генерал мајор Мухамет Рацај и директорот во ГШ, генерал мајор Димче Петровски, генералите на АРМ во пензија се запознаа со сегашните и планирани активности, реформските процеси, како и актуелната состојба и функционирање на АРМ.
Притоа од страна на генералите, кои во својата активна служба во АРМ го имаат вложен својот придонес во изградбата и сегашната поставеност на Армијата на Република Македонија се искажани нивните ставови и размислувања за актуелни прашања во АРМ , како и предлози и сугестии поврзани со функционирањето на АРМ.
Цел на оваа работна средба која се одржува традиционално во пресрет на новогодишните празници е информирање на пензионираните генерали за процесите во АРМ во остварување на својата уставна функција и конструктивна размена на мислења.