Армијата на Република Македонија со 157 свои припадници во текот на вчерашниот и денешниот ден заминуваат за Република Полска каде во време од 07 до 17ти Јуни ќе учествува на меѓународната вежба „Анаконда-16“.
Вежбата која е во организација на Армијата на Соединетите Американски Држави во Европа и Вооружените Сили на Република Полска, претставува меѓу најголемите вежби организирани во Европа во последните неколку децении, со учество на 31.000 војници од 24 земји од НАТО и Партнерството за мир (ПЗМ).
Интероперабилноста и соработката меѓу земјите членки на НАТО и ПЗМ, како и градење на меѓусебна доверба за заедничко учество во тековните и идни меѓународни здружени операции се едни од главните цели на изведување на вежбата Анаконда-16.
Припадниците на АРМ во состав, пешадиска чета, вод на воената полиција, припадници од полкот за специјални операции и штабен персонал, со цел беспрекорно извршување на задачите кои ги очекуваат на вежбата, во изминатиот период изведуваа подготовки на Армискиот Полигон Криволак кои вклучуваа и сложени вежбовни активности од типот на тактички вежби со боеви гаѓања до ниво на чета.
Со учеството на оваа голема здружена вежба АРМ покажува дека е во постојана кондиција со земјите членки на НАТО, и во потполност оспособена за рамноправно учество во операциите во поддршка на мирот и безбедноста.