Главниот подофицер на АРМ главен наредник Драган Стојановски учествуваше на деветтата Конференција на Главни подофицери на Европските армии која се одржа од 20 до 22.04.2015 година во Блед, Република Словенија.
На конференцијата, учество зедоа Главните подофицери од армиите на повеќе од 30 земји од Европа и НАТО командите. Покрај размената на искуства и идеи во работата на подофицерскиот кор, учесниците на конференцијата се запознаа со програмата на академијата на главни подофицери на Вооружените сили на САД (USASMA), чии претставници понудија размена на инструктори и развој на партнерски програми со државите на САД.
На овој исклучително важен настан, главните подофицери имаа можност да разменат искуства во поглед на изборот и подготовката на единиците за извршување на меѓународни мисии, но и одлична прилика за промоција на подофицерскиот кор на армиите од Европа. Една од темите беше и разгледувањето на можностите за учество на курсеви за подофицерскиот кор во НАТО школото во Оберамергау и НАТО центарот за планински операции.