Началникот на ГШ на АРМ, генерал потполковник Методија Величковски учествува на конференција за партнерски програми во организација на командата на Армијата на Вооружените сили на САД за Европа (ЕУКОМ) која се одржува денес во Гармиш Партенкирхен, СР Германија.
На конференцијата влијателни воени раководители од американската армија, националните гарди од 22 држави на САД и армиите на земјите партнери дискутираа за унапредување на заедничкиот пристап во безбедносните предизвици, воените капацитети и подобрување на интероперативноста.
Генералот Величковски за време на одржување на конференцијата покрај состанокот со командантот на националната гарда на Вермонт, генерал-мајор Стивен Креј, оствари повеќе средби со генерали и раководители на високи позиции во командата на САД за Европа и армиите на земјите учеснички, притоа разменувајќи искуства од покажаните пракси на армиите и идентификување на понатамошни области на соработка.
Од страна на соговорниците и овој пат е истакната силната поддршка и пофални зборови за високата обученост и прикажаните резултати на припадниците на АРМ во учествата во мировните операции и меѓународните вежби.
Оваа партнерска програма на ЕУКОМ е дел од програмата на Националната гарда на САД и ги поврзува армиите на САД и партнерските земји со цел зголемување на воената способност, подобрување на интероперативноста и унапредување на меѓусебната соработка но и интероперабилност меѓу армиите преку градење на меѓусебни односи во унапредување на безбедноста.