Заменик на началникот на ГШ на АРМ, генерал мајор Азим Нуредин учествува на конференцијата за борба против насилниот екстремизам организирана од Здружениот Штаб на Вооружените Сили на Соединетите Американски Држави.
На конференцијата која се оддржува под покровителство на началникот на Здружениот Штаб, генерал Џозеф Данфорд, во воздухопловната база „Ендрјус“ во Мериленд, САД, учествуваат началници или заменици началници на 81 сојузнички армии од целиот свет.
Фокусот на конференцијата се трансрегионалните влијанија и изнаоѓање на можности за заеднички пристап и координиран ангажман во борба против постојана глобална закана од дејствувањето на насилничките екстремистички организации.
Со оглед на големото присуството на највисоките воени раководители од целиот свет, конференцијата претставува одлична можност за размена на мислења и искуства за оваа актуелна безбедносна тема и промовирање на сопствените можности и ангажмани во справување со овој безбедносен предизвик.
ТЈ