Денес, 16 јули, во касарната Алексо Демниевски – Бауман во Велес, во организација на Министерството за одбрана на Република Македонија, Црвениот крст на Република Македонија и Институтот за трансфузиона медицина се реализира акција во доброволно дарување на крв.
На акцијата, на која имаше и лица кои за прв пат даруваа од драгоцената течност учество зедоа вкупно 45 лица од гарнизонот Велес.
Водејќи се од мотото „дарувај крв – спаси живот“, припадниците на АРМ уште еднаш покажаа дека хуманоста отсекогаш била и ќе остане одлика на сите припадници на АРМ.